„Египетскиот Меси“ како што го нарекуваат фудбалерот Амр Варда, се чини ја заврши својата сага откако потпиша за египетскиот клуб Фарко. Со тоа се чини дека конечно крилниот играч доби клуб, откако тоа беше негов четврти тим за само 29 дена.
Откако му истече договорот со Аполон Лимасол, во август беше промовиран во нов играч на Раја Казабланка, еден од најпопуларните клубови во Африка. Меѓутоа за само 12 дена платил отштета и заминал, па потпиша за Докса Катокопиас за која играат и Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски.
Меѓутоа со оглед дека му бил забранет влез на Кипар, потоа замина во Естегал од Иран. Но, под неразјаснети околности замина и таму, а сег пред неколку дена потпиша за Фарко, и се чини дека повеќе нема да менува клубови, барем не ова лето.
Варда во минатото играше за Ал Ахли, Ал Итихад, Панетоликос, ПАОК, Атрмотиос, АЕЛ Лимасол, Волос, Анортозис. За Египет има 30 одиграни мечеви и 1 постигнат гол. Во 2019 година се реши да стави крај на репрезентативната кариера на само 26. години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

