Лацио е подготвен да му понуди нов договор со подобри услови на својот голман Иван Проведел. Првиот чувар на мрежата на „лацијалите“ ги наполни насловните страници во изминатите денови откако постигна гол во 95. минута и така донесе бод за својот тим во натпреварот од ЛШ против Атлетико Мадрид.
29-годишниот чувар на мрежата лани беше херој на Лацио неколкупати и со своите одбрани, и заслужен за изборувањето на Лигата на шампионите, па затоа римскиот тим се одлучи да го осигура за идните неколку години.
Според италијанските медиуми, платата на Проведел во моментов е 1,2 милиони евра, а Лацио е подготвен да ја зголеми сумата за да го убеди да остане на „Олимпико“.
Тој пристигна во Рим од Специја минатата сезона како втор голман, но се истакна со своите одбрани и така стана прв избор, а исто така беше повикан и во националниот тим на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

