Фудбалерите на Зрински од БИХ изведоа неверојатен пресврт, и после негатива од 0-3 на полувремето, на крајот стигнаа до победа од 4-3 над Аз Алкмар.
На полувремето легендарниот Дик Адвокат наводно коментирал против Зрински, не знаејќи потоа што ќе му се случи на холандскиот тим.
„Не знам како УЕФА дозволува вакви екипи да играат во Европа“, наводно коментирал Адвокат на полувремето кога неговиот тим имал предност од 0-3.
Меѓутоа оваа изјава му се одбила од глава на Холанѓанецот. За Алкмар на крајот го загуби мечот откако тимот од Мостар му даде четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

