Фудбалерките поразени од Бугарија на стартот на Лигата на нации

Женската фудбалска репрезентација на Македонија загуби на домашен терен од Бугарија со 0-1 во премиерното коло од првото издание на женската Лига на нации на УЕФА.

Клучниот момент во натпреварот се случи уште во 4. минута кога Бугарките експресно стигнаа до предност од 0-1 со погодокот на Станкова. На крајот овој гол се покажа како клучен за победа на гостинскиот тим.

Во следното коло од Лигата на нации, кое ќе се одигра во ноември, женската А репрезентација на Македонија силите ќе ги одмери со селекцијата на Косово.

Македонија: Панчурова, Милчевска, Коларвоска, Ефтинџиоска, Андреевска, Шемсовиќ, Андонова, Дервиши, Рочи, Максути;

Селектор: Кирил Изов

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...