Постекоглу жали за повредата на Перишиќ: Bерувам во него, знам дека ќе се врати на врвно ниво

За хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ сезоната 2023/24 е завршена откако заработи тешка поведа на предните вкрстени лигаменти на десното коло поради која мора да помине низ оперативен зафат, а потоа и долг период на рехабилитација.

На оваа тема сега говореше и тренерот Анге Постекоглу кој на прескоференцијата за медиуми пред градското дерби против Арсенал во шестото коло од Премиерлигата имаше охрабрувачки зборови за 34-годишниот Хрват.

„Големо разочарување пред се за Иван. Понекогаш се случуваат вакви работи. Станува збор за прилично тешка повреда и навистина ми е жал. Кратко работев со него, но веднаш видов зошто играше во некои од најголемите светски клубови и зошто толку долго беше на врвно ниво. Тој е голем професионалец. Секако ова е големо разочарување за нас како клуб бидејќи останавме без важен играч. Перишиќ е карактерно силен и не се сомневам дека ќе се врати на нивото на кое настапуваше за клубот и Хрватска пред повредата“, изјави предводникот на Тотехем.

Се вчитува...