Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо му соопштил на раководството на Ал Наср дека има намера да ја заврши кариерата во редовите на овој клуб. Тој е под договор до 30. јуни 2025 година и тоа би можело да биде датумот кога ќе заврши една од најголемите кариери досега во историјата на фудбалот.
Роналдо и по одличната партија и двата гола против Ал Ахли испрати силна порака до сите во светот на фудбалот.
„Сакам да постигнувам голови и да победувам. Сакам да го правам ова додека нозете не ми кажат дека е доста. Велат дека Роналдо е готов, но јас продолжувам да им докажувам дека грешат. Уживам во фудбалот и најважно е тимот да победи “, изјави Роналдо.
Роналдо оваа сезона одигра седум натпревари за Ал Наср и има седум гола и пет асистенции. Вкупно одигра 26 натпревари во дресот на саудискиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

