Фудбалерите на АП Брера утре ќе го пречекаат Силекс на домашен терен во натпревар од 8. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Тренерот на струмичани, Џовани Валенти пред мечот со кратовци вели дека разликата меѓу двата тима е мала, но се надева на триумф.
„Силекс е зад нас, но табелата е кратка и разликата меѓу екипите е минимална. Видов дека постигнуваат доста голови, посебно од контранапади кои се доста брзи. Се надевам дека ќе одиграме добар меч и дека нема да му дозволиме на противникот да игра во својот стил. Сакаме да ја држиме топката повеќе во нозе и да не правиме грешки и да реагираме кога ќе загубиме топка, да ја земеме што е можно побрзо. Публиката во Струмица сигурно очекува добар меч од нас и да играме добар фудбал, сакам да дојдат и да навиваат, посебно за младите играчи кои добија шанса во Купот, а има во нив перспектива. Имаме доста млади играчи во првиот тим, нашата работа е доста одговорна, па ќе се бориме за гол повеќе“, изјави Валенти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

