Добри вести за Анчелоти: Белингем ќе биде подготвен за градското дерби против Атлетико Мадрид

Одлични вести за италијанскиот стратег Карло Анчелоти пред утрешното градско дерби против Атлетико Мадрид како дел од 6. коло во Ла лига.

Џуд Белингем го одработе денешниот тренинг на кралевите откако поради стомачен вирус неколку дена беше надвор од погон. Се уште не е стоотстотно дека тој ќе се најде во стартниот тим на „белите“ в недела, но шансите за негов настап значително се зголемија.

Од тренингот беше дел и Винисиус Жуниор кој работеше со слаб интензитет, а Анчелоти потврди дека и тој ќе се врати во тимот на „кралевите“.

Освен Куртоа и Милитао кои долго време ќе бидат надвор од терените, на утрешниот меч нема да игра и  Дани Карвахал, кој веќе беше потврдено дека ќе го пропушти дербито по извршените тестови вчера.

Се вчитува...