Ракометарите на Охрид стигнаа до втората победа во новата сезона во Суперлигата откако денеска во 3. коло славеа на гостувањето кај МРК Куманово со 20-35.
Охриѓани уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе на пауза имаа позитива од големи 10-19. Во вториот дел избраниците на Стевчо Алушовски само рутински го приведоа мечо за конечни 20-35.
Претходно денеска Вардар славеше со убедливи 31-20 против Тинекс Пролет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА