Мечот меѓу Милан и Верона ќе доцни поради силно невреме

Силно невреме го зафати италијанскиот град Милано, поради што натпреварот меѓу домашниот Милан и Верона е одложен за 25 минути.

Натпреварот требаше да стартува во 15 часот, но поради силното невреме, неговиот старт мораше да биде пролонгиран.

Сепак, добра вест е дека натпреварот ќе се одигра денеска, а неговиот старт е закажан за 15.25 часот.

Се вчитува...