Жирона ја реши и Мајорка и се искачи на врвот во Ла лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Жирона се вистински хит сезонава во шпанската Ла лига. Малиот клуб од Каталонија денеска славеше над Мајорка со 5-3 во натпревар од 6. коло.

Иако гостите поведоа со 0-1 со голот на Муричи во 4. минута до полувремето беше 4-1 откако погодоци за домаќините постигнаа Лопез, Довбик, Мартин и Херера. Во вториот дел на 5-1 зголеми Савио во 57. минута, додека до крајот гостите само го ублажија поразот (5-3) преку двата гола на Пратс.

Со овој триумф Жирона изби на првата позиција во шпанскиот шампионат.

Girona [5]-1 Mallorca – Savio 57'
byu/Meladroitdeposter insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...