Божиновски: Атмосферата во Силекс е одлична, одиме на победа против АП Брера

Фудбалерите на Силекс утре ќе и гостуваат на АП Брера Струмица во натпревар од 8. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Голманот и капитен на кратовци Даниел Божиновски вели дека по триумфот над Шкендија владее позитивна атмосфера во тимот која сакаат да продолжи и по утрешниот меч со струмичани.

„По победата со Шкендија во нашиот тим владее позитивна атмосфера што е добро за тимот, треба утре на натпреварот со Брера да ја покажеме и на терен за тоа што на секој натпревар треба ново докажување ако сакаме добар резултат. Нашите очекувања како и на секој натпревар па така и на утрешниот со Брера да одиме по позитивен резултат па така утре очекувам и се надевам на победа“, изјави Божиновски. 

Се вчитува...