Прилеп го совлада Вардар Неготино

Ракометарите на Прилеп стигнаа до втората победа во Суперлигата откако вечерва во 3. коло на домашен терен славеа над Вардар Неготино со 30-22.

Домаќините подобро го отворија натпреварот и брзо стигнаа до четири гола предност (5-1). Сепак, како одминуваше првиот дел гостите заиграа се подобро па на пауза се замина со егал 14-14.

Во вториот дел прилепчани во 48. минута повторно стигнаа до плус четири 25-21. До крајот прилепчани само ја зголемуваа предноста за конечни 30-22.

Денис Шабановиќ со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените залудни беа 11 гола на Лазар Адамовиќ.

Се вчитува...