„Металците“ се „махери“ за Суперкуп трофеи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата во Суперкупот „Драган Василов Цевка“ откако вечерва во СРЦ „Кале“ славеа над финалистот од купот од минатата сезона Феникс со убедливи 76-54.

За „металците“ ова шести трофеј во низа во ова натпреварување, а тимот од Аеродром е единствен освојувач на Суперкупот во последните 12 години, откако последен пат некој друг тим се радуваше во 2011 година (Работнички).

 

 

Се вчитува...