Алегри: Сите велат Јувентус мора да ја освои титулата, но тоа не е нашата цел

Јувентус вчера го претрпе првиот пораз во Серија „А“ откако тимот на Масимилијано Алегри загуби од Сасуоло со 4-2 на стадионот „Мапеи“.

Федерико Гати си постигна неверојатен автогол, а Алегри коментираше дека тоа не влијаеше на резултатот.

„Гати направи грешка, и ќе прави грешки во кариерата. Има одиграно 30 натпревари со Јувентус, нема 100 или 200. Мора да остане смирен. Грешката беше лоша за гледање, но не влијаеше на резултатот“, изјави Алегри.

Тренерот на Јувентус уште во петокот предупреди на натпреварот со Сасуоло, а кажа дека во тимот имало еуфорија, и тоа ги чинеше пораз.

„Имаше еуфорија во екипата во четвртокот. Луѓето велат дека Јувентус мора да ја освои титулата. Нашата цел е да бидеме меѓу првите четири, и тоа ќе биде многу тешко. Мора да бидеме свесни дека мора да се бориме многу на секој натпревар за да дојдеме до бодови“, вели Алегри.

Се вчитува...