Тен Хаг: Тимот одговори на критиките

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг беше задоволен од победата над Барнли од 1-0. Според него, тоа било меч кој морало да се добие, после серијата на три последователни порази во Премиерлигата и во Лигата на шампионите.

Тен Хаг уште еднаш повтори дека тим како Манчестер Јунајтед мора на секој натпревар да оди на победа.

„Тоа беше меч во кој победата беше задолжителна, и тоа го знаевме. Тимот одговори на критиките на теренот. Видов единство во соблекувалната, и тоа беше тимска победа. Прекрасно ја одигравме ситуацијата на голот. Кога си играч на Манчестер Јунајтед, мораш да победуваш на секој натпревар против било кој противник. Во спротивно ќе станеме мета на критики. На последните натпревари имавме тешки противници и не ги добивме резултатите кои ги посакувавме. Затоа едноставно моравме да го добиеме мечот со Барнли“, изјави тен Хаг.

Се вчитува...