Белгискиот фудбалер Аксел Вицел смета дека играчите кои прифатиле да одат во Саудиска Арабија, немаат потреба да се правдаат и да ги извртуваат фактите дека тоа го прават поради тоа што им се допаѓа „проектот“.
Белгиецот смета дека фудбалерите пред неколку години во Кина, а потоа во Саудиска Арабија само поради парите. Бранот на заминувањето на познати играчи на Блискиот Исток го повлече и неговиот сонародник и соиграч Јаник Караско, кој го правдаше заминувањето со тоа дека му се допаднал проектот.
„Секој од нас има свој пат. Не кажувам дека е лошо да се оди во Саудиска Арабија, јас заминав во Кина на 27 години. Караско донесе добра одлука, и тоа е добро животно искуство. Очигледно ги прифаќаме таквите понуди поради парите, и навистина нема смисла да зборуваме дека одиме таму затоа што ни се допаѓа проектот. Парите се единствена вистина. Тоа што го направи Караско за мене е сосема во ред“, изјави Вицел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

