Тренерот на Барселона, Чави беше среќен по победата на својот тим над Селта, и тоа после епски пресврт. „Каталонците“ имаа негатива од 0-2 до 80. минута, а потоа со три гола стигнаа до трите бода.
Чави е среќен што неговиот тим покажал карактер на овој меч, и дека тимот и покрај 0-2 не се предал и одиграл до крај да стигне до победа.
„Не одигравме добро, но остваривме епска победа. Покажавме карактер на победници. Тимот не се предаде и покрај тоа што губеше 0-2. Тоа што се случи е енверојатно. Тоа е пресвртница на победничкиот лик кој го градиме. Покажавме карактер“, рече Чави, кој, сепак, имаше забелешки на играта на својот тим.
„Победата е слатка, но дали беше подобра од оние со Бетис и Антверпен? Не, тоа не е нашиот начин. Наш начин е да ја движиме топката и да притискаме високо. Секогаш кога ќе го намалиме интензитетот, имаме проблеми“, вели тренерот на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

