Рашфорд имал сообраќајка

Маркус Рашфорд минал без повреди откако во саботата вечер имал сообраќајна незгода. Инцидентот се случил кога фудбалерот со својот „Ролс Ројс“ го напуштил тренинг центарот по враќањето од гостувањето кај Барнли.

Тимот на Ерик тен Хаг се врати од гостувањето кај Барнли, каде триумфираше со 1-0.

На социјалните мрежи се појавија и фотографии кои ги покажуваат последиците од инцидентот. Рашфорд ги одигра сите 90 минути во мечот.

Се вчитува...