Фдубалерот на Шалке, Тимот Баумгартл е суспендиран од тимот и префрлен да тренира со младинската екипа поради критичко интервју кое го дал по поразот од Сент Паули.
Шалке го загуби натпреварот со 3-1, а по натпреварто Баумгартл за „Скај“ го нападна тимот и тренерот за слабите резултати и игри.
„Нема компактност. Тоа е големиот прболем. Секогаш доцниме чекор. Ако е 3-0 по 30 минути не мора да се предаваме. Ова е лудо. Филозофијата на тренерот Реис е ризична работа, и затоа се случува да примаме голови. Не можеме да одбраниме се“, е спорната изјава на играчот поради која беше суспендиран.
„Управата на тимот секогаш е подготвена за критики, но тоа треба да се одвива внатрешно, а не јавно. Се решивме да го суспендираме Тимо, кој ја призна грешката, но привремено ќе биде надвор од составот“, стои во официјалното соопштение од клубот.
Баумгартл се извинил за неговите постапки и сега се очекува после една седмица да се врати во првиот тим на тимот од Гелзенкирхен. Покрај тоа играчот ќе треба да плати и парична казна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

