ГОСТИНСКО ПОЛУВРЕМЕ ВО 8. КОЛО: Силекс води со Брера во Струмица, Гостивар против Вардар а Брегалница во Кавадарци!

Гостинско прво полувреме во 8. коло од Првата македонска фудбалска лига, во кое четири екипи водат на гостински терен а два дуели се без погодоци. Гостивар води со 0-1 против Вардар во Скопје, Силекс во дербито води со 0-1 против АП Брера благодарение на голот на Марко Ѓорѓиевски, Брегалница води во Кавадарци а Шкупи со пресврт има предност од 1-2 против Воска Спорт во Охрид.

Силекс сосема заслужено има предност против АП Брера во Струмица со 0-1.

Најзаслужен за водството на кратовци е Марко Ѓорѓиевски кој прецизно со глава стрелаше во 25. минута.

Шкупи со пресврт има 1-2 на гостувањето против Воска спорт во Охрид. Откако домашните поведоа по само 11 секунди игра, веќе во 13. минута Шкупи дојде до израмнување и тоа благодарение на трагикомичната реакција на голманот на Воска, Хадис Велии.


Претходно, Воска Спорт дојде до предност со голот на Марушиќ уште во 11. секунда од натпреварот.

А, Шкупи уште пред полувремето успеа да дојде до целосен пресврт со голот од пенал на Дуду во 33. минута за 1-2.

Брегалница има предност од 0-1 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци. Штипјани до предност дојдоа во 28. минута од средбата со голот на Колин Андерсон.

И Гостивар има предност од 0-1 на гостувањето против Вардар по првите 45 минути игра. Кехинде со голот во 31. минута ги донесе гостите до предност.

Нема голови на дуелите во Струга и во Тетово. Бесарт Ибраими во четвртата минута од судиското продолжение, буквално во последните мигови од првиот дел промаши пенал за водство на Струга ТЛ против Работнички.


ПМФЛ – 8. КОЛО (прво полувреме)
Струмица: АП БРЕРА – СИЛЕКС 0-1
Ѓорѓиевски 25′
Кавадарци: ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 0-1
Андерсон 28′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ 1-2
Марушиќ 1′ – Сахити 13′, Дуду 33′(п)
Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 0-0
Скопје: ВАРДАР – ГОСТИВАР 0-1
Кехинде 31′

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...