Одличен натпревар на „Аноета“ во Сан Себастијан, во кој на крајот домашните навивачи славеа со големи проблеми над Гетафе. Победата од 4-3 беше издвојувана по два пресврти. Најпрво домашните водеа, па Гетафе успеа да поведе 1-2, за на крајот Сосиедад да постигне три гола за конечен триумф.
Кубо уште во 2. минута донесе водство за Сосиедад, а Алења во 39. минута успеа да израмни. Шок за домашните навивчи приреди Мајорал кој што погоди во петтата минута од судиското надополнување од првиот дел за пресврт.
Во вториот дел целона доминација на Сосиедад, на крилата на Ојарзабал. Ојаразабал во 61. минута погоди од пенал за 2-2, а пет минути подоцна Мендез донесе 3-2.
Оајарзабал се чинеше дека во 89. минута ја запечати судбината, но Латаса во 92. минута донесе 4-3. Сосиедад во финишот постигна уште еден гол, но истиот беше поништен со ВАР.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

