Прекин во Амстердам на дербито, димни бомби на теренот и нереди на трибините (ВИДЕО)

Дерби натпреварот во Холандија меѓу Ајакс и Феенорд, е прекинат поради нереди на трибините на „Јохан Кројф“. Прекинот е на стартот од вториот дел, откако навивачи најпрво фрлија димни бомби на теренот, а потоа имаше и нереди каде што беа навивачите на домашниот тим беа видно незадоволни од изданието на нивниот тим.

Феенорд во тие мигови водеше со 0-3, и тоа предизвика огромно незадоволство кај навивачите на Ајакс. Прекинот официјално е во 56. минута.

Официјалните лица донесоа одлука дуелот да биде прекинат, а дали ќе продолжи и под какви околности, засега не е познато.

Се вчитува...