Силекс испушти триумф во Струмица, Тиквеш со неверојатен пресврт ја победи Брегалница, Гостивар го победи Вардар во дербито на дното (ВИДЕО)

Повеќе од интересно 8. коло во Првата македонска фудбалска лига во кое во дербито АП Брера и Силекс ремизираа во Струмица, Шкендија славеше со Македонија ЃП а Шкупи на гостувањето против Воска спорт во Охрид. Тиквеш со гол во 90. минута дојде до победа од 2-1 против Брегалница во Кавадарци, а во дербито на дното Гостивар го победи Вардар со 0-2 во Скопје.

Силекс испушти триумф против АП Брера во Струмица откако имаше предност од 0-1 по првото полувреме, а Анѓелески во 58. минута промаши и пенал и за 0-2 за гостите. Па, струмичани потоа во 76. минута дојдоа до бода со голот на Трајков.

Се вчитува...