Возачот на екипата ВР46 Марко Бецеки, победи на трката во Мото ГП шампионатот за ГН на Индија. Бецеки стартуваше од пол позицијата, иако го загуби водството, сепак, брзо се врати на чело и успеа како првопласиран да ја заврши трката со резултат 36:59,157 минути.
Второто место го зазеде возачот на Прамак, Хорхје Мартин со 8,6 секунди заостанување, а Квартараро беше трет.
Актуелниот шампион Франческо Бањаја не ја заврши трката откако излета од патеката. Но, тој и натаму е водечки во генерален пласман со 292 бода, пред Мартин кој има 279, додека Бецеки е трет со 248 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА