Две исти приказни во Струмица и во Кавадарци: Кога ќе се промаши пенал, секогаш следи казна (ВИДЕО)

Две исти приказни од денешните натпревари во 8. коло од Првата македонска фудбалска лига. Од Струмица и од Кавадарци доаѓаат уште една потврда на честото правило – кога нема да се реализираат своите шанси секогаш следи казната на спротивната страна.

Силекс и Брегалница не реализираа пенали за победа на гостувањата против АП Брера во Струмица, односно Тиквеш во Кавадарци, па на крај си добија казна.

Силекс имаше предност од 0-1 по првото полувреме, а Анѓелески во 58. минута промаши и пенал и за 0-2 за гостите. Па, струмичани потоа во 76. минута дојдоа до бода со голот на Трајков.

Кратовци дојдоа до предност со голот на Марко Ѓорѓиевски кој прецизно со глава стрелаше во 25. минута.

Се вчитува...