Челси доживеа нова бламажа, откако денеска загуби од Астон Вила на домашен терен со 0-1. Менаџерот Маурисио Покетино уште еднаш кажа дека се оди според планот и истиот мора да биде поддржа, притоа повторно не ја презеде вината за овој неуспех.
Челси сега се наоѓа во долниот дел на табелата, бележи слаби резултати и покрај многуте потрошени средства за градење на овој тим кој не ги оправдува очекувањата.
„Ја разбирам разочараноста кај сите. Да, нормално е сопствениците да се разочарани, но во исто време треба да го поддржат нашиот план. Имаме состав како што имаме, се обидуваме да го кренеме нагоре и на играчите да им ја дадеме поддршката која им е неопходна“, рече Покетино.
Челси во моментов е на 14 позиција на табелата со една победа и три порази во шест кола, со само пет постигнати гола. И многуте повреди во таборот на „сините“ придонесуваат за овие лоши резултати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

