Њукасл без милост, му даде осум гола на Шефилд на негов терен (ВИДЕО)

Екипата на Њукасл дојде до убедлив триумф на гостувањето кај Шефилд Јунајтед. Дури осум гола постигнаа „црно-белите“  на овој натпревар, и така дојде до третата победа во Премиерлигата.

Гостите дојдоа до триумф уште по првиот дел кога водеа со 0-3, а до крај само го „дотолчија“ противникот.

Лонгстаф во 21. минута го отвори резултатот, Бурн во 31. минута донесе 0-2, а Ботман во 35. минута зголеми на 0-3.

Во 56. минута Вилсон зголеми на 0-4, Гордон на 0-5 пет минути подоцна, гол серијата ја продолжи Алмирон во 68. минута, а Гимараеш во 73. минута го постигна седмиот гол на средбата. Исак го постигна и осмиот за Њукасл за целосно „тероризирање“ на противникот.

Се вчитува...