Осимен трагичар, Елмас влезе од клупата, Наполи без победа од Болоња

Наполи одигра без голови 0-0 на гостувањето кај Болоња, и така ја продолжи серијата на лоши резултати во Серија „А“ каде што три меча по ред е без победа по поразот од Лацио и „ремито“ со Џенова.

Виктор Осимен е трагичарот на натпреварот, кој промаши пенал во 72. минута од средбата. Нигериецот ја испрати топката крај голот, и така пропушти можност да му донесе на својот тим три бода.

Елиф Елмас го почна мечот од клупата за резерви, а влезе во игра во 76. минута од средбата на местото на Кварацхелија. Инаку Елмас денеска го слави 24. роденден.

Се вчитува...