Наполи „киксна“ во Болоња, а претседателот Де Лаурентис со интересна реакција

Шампионот на Италија, Наполи трето коло е без победа во Серија „А“ и полека заостанува од врвот уште од почетокот на сезоната. Денеска актуелниот италијански првак одигра без голови против Болоња, во меч во кој се очекуваше да победи, особено после триумфот во Лигата на шампионите кај Брага.

Меѓутоа Наполи не успеа да го скрши отпорот на Болоња, а Осимен промаши пенал во вториот дел. Елмас влезе во 72. минута од средбата, но без ефект на крајот.

Интересна беше реакцијата на претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис кој се огласи по ова реми.

„Наполи почнува да се ресетира од Болоња. Браво момци“, напиша Де Лаурентис.

Се вчитува...