Драматични снимки од Амстердам: Екипите „заробени“ на стадион, бесните навивачи кршат се пред себе

Најголемото холандско дерби меѓу Ајакс и Феенорд во Амстердам не го дочека својот крај. Прекинато е во 55. минута поради дивеење на домашните навивачи.

Во моментите кога главниот судија ги испрати актерите на теренот кон соблекувалната, гостите имаа предност од 0-3. Веројатно и со тој резултат ќе биде регистриран мечот, со службена победа на Феенорд, а Ајакс ќе заработи казна.

Лошо функционирал безбедносниот сегмент на Ајакс, по што навивачите беснеја и кршеа се пред себе. И додека екипите затворени во стадионот чекаа епилог и да се расчисти ситуацијата, хулиганите на амстердамскиот состав насилно се обидоа да влезат во просториите.

Се вчитува...