Пред неколку дена се одигра првото коло во групната фаза во Лигата на шампионите, а веќе е познат првиот учесник во најелитното европско натпреварување за следната сезона. Поточно во квалификациите за Лигата на шампионите.
Станува збор за Викингур од Исланд, кој што денеска стана првак на таа земја. Тоа им се случи откако нивниот ривал, второпласираниот Валур одигра само нерешено со Рејкјавик 2-2. Валур, пак, ќе игра во квалификациите за Лигата на Конференции.
За потсетување дека минатосезонскиот шампион, тимот на Бреидаблик го елиминираше тимот на Струга ТЛ од пласманот во групната фаза во Лигата на Конференции.
За Викингур ова беше седма титула во шампионатот на Исланд. Последната беше во 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

