Нејмар се уште не постигна гол, а веќе направи проблеми во Саудиска Арабија

Нејмар по три одиграни средби за Ал Хилал во Саудиска Арабија се уште го чека првиот гол, а веќе успеа да влезе во конфликт со тренерот Хорхе Хесус, пренесуваат арапските медиуми.

До конфликт дошло по натпреварот со Узбек во Азиската Лига на Шампиони, натпревар на која Нејмар доби жолт картон поради неспортско однесување, а потоа беше и критикуван од страна на португалскиот стратег. Тоа воопшто не му се допаднало на Бразилецот кој за малку физички не се пресметал со тренерот.

Одма по конфликтот Нејмар се упатил кон раководството на клубот од кое побарал Хесус да добие отказ. Слушајќи ги советите на поранешната ѕвезда на Барселона и ПСЖ португалскиот стратег добил опомена да ја доведе во ред соблекувалната и да почне да реди победи бидејќи во спротивно ќе биде заменет.

Се вчитува...