Гвардиола за повредата на Ковачиќ: Посериозно е одколку што мислевме

Матео Ковачиќ заработи повреда пред евро квалификациите за Хрватска и ги пропушти натпреварите против Летонија и Ерменија, а рехабилитацијата оди поспоро отколку што се очекуваше.

Првичните информации говореа дека станува збор за повреда на грбот, но новите информации од Англија тврдат дека проблемот е во бутниот мускул, повреда која е посериозна и за која треба подолг третман откри и Пеп Гвардиола.

„Мислам дека наскоро ќе се врати на теренот. Одработи неколку тренинзи, но мора да бидеме претпазливи бидејќи станува збор за повреда на пределот на ногата која е поризична отколку на други места. Медицинскиот тим ќе процени кога ќе биде подготвен за настап“, изјави Гвардиола.

Според анализите на англиските медиуми враќањето на Ковачиќ е од големо значење за Манчестер Сити поготово во ситуација кога тимот е без повредениот Бернардо Силва.

Се вчитува...