Меси не мисли на пензија: Откри која му е неисполнета желба

Аргентинскиот фудбалски виртуоз Лео Меси ова лето како слободен играч се пресели од ПСЖ во Интер Мајами каде досега настапи на 12 натпревари забележувајќи 11 асистенции и пет голови.

И покрај тоа што е во 36. година од животот поранешната ѕвезда на Барселона не размислува за пензија. Во интервју за „TyC Sports“ откри која му е неисполнетата желба.

„Отсекогаш размислував за една идеја, а тоа е да уживам во аргентинскиот фудбал играјќи како светски шампион за Њувел. Не размислувам што ќе правам по крајот на кариерата, сакам да правам нешто во што ќе уживам. Не размислувам за иднината, ќе уживам додека можам. Најмногу од се сакам да играм фудбал“, изјави Меси.

Њувел е тимот во кој Меси започна со фудбал, но никогаш не забележа настап за сениорскиот тим со оглед на тоа што на 14 години премина во Барселона.

Се вчитува...