Нејмар бесен: Лажете, не барав смена на тренерот

Информацијата на арапските медиуми за незадоволство и конфликт помеѓу новата ѕвезда на Ал Ахли, Нејмар и тренерот Хорхе Хесус беше експресно негирана од страна на бразилскиот репрезентативец.

Според Нејмар кој се огласи на социјалните мрежи тоа се лаги и големо непочитување кон него.

„Лага! Мора да престанете да верувате на вакви медиуми. Со милиони следбеници не може да објавувате секакви лажни вести. Со сета почит, престанете веќе да лажете, ова е големо непочитување“, објави Нејмар.

Како потсетување, според доброупатените медиуми за спорт во оваа држава Бразилецот влегол во конфликт со Португалецот поради критика за одигран натпревар, а за малку истиот не завршил со физичка пресметка. По истиот ѕвездата на Ал Ахли побарал смена на тренерот, а португалскиот стратег добил и опомена од страна на раководството на клубот.

Се вчитува...