Игнас Браздеикис во новата сезона ќе ги брани боите на грчкиот шампион и учесник во Евролигата, Олимпијакос. Литванскиот репрезентативец „црвено-белиот“ дрес го облече по настпот за Жалгирис и се очекува да биде клучно засилување за престојната сезона во која грчкиот тим ќе атакува на трофејот во најсилното европско кошаркарско натпреварување.
Говорејќи за грчките медиуми Литванецот откри детали за преговорите за кои вели дека не биле воопшто лесни, а и покрај тоа што не сакал да го напушти родниот крај не можел да каже не на тим како Олимпијакос.
„Моите агенти беа во контакт со Олимпијакос повеќе недели. Зборев во неколку претставници на Олимпијакос лично и дискусиите беа одлични. Ми се допаднаа нивните идеи за престојната сезона и можам да кажам дека сум многу среќен што сум тука.
Не беше лесно да кажам „да“ бидејќи заминувањето од родниот Каунас беше емотивено, но Олимпијакос не е еден од тие тимови кои се одбиваат“, изјави Браздеикис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА