Синоќа во Атина се одигра големо градско дерби меѓу Панатинаикос и АЕК, кое повторно донесе тензии, провокации и многу работи за разговор.
Во дуелот славеше АЕК со 1-2, но интересно беше пред почетокот на мечот, откако домашните навивачи се обидоа да ги испровоцираат гостите давајќи има поддршка на навивачите на Динамо Загреб кои од почетокот на август се во грчките затвори.
Тогаш на атинските улици беше убиен навивачот на АЕК, Михалис Кацурис, а главниот виновник се уште не е пронајден, но неколку десетици хрватски навивачи се во притвор.
Ваква порака од навивачите на Панатинаикос не е прва, ниту е неочекувана, бидејќи е познато нивното пријателство со симпатизерите на Динамо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА