Фудбалерот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор тренираше со тимот и ќе биде подготвен за натпреварот од седмото коло во Ла Лига против Лас Палмас, пренесуваат шпанските медиуми.
Винисиус поради повреда го пропушти и градското дерби со Атлетико кое Реал го загуби со 3-1. Шпанските медиуми пренесуваат дека бразилскиот фудбалер целосно се опоравил од повредата на мускулот што ја заработи на натпреварот против Селта на крајот на август.
Мадридскиот клуб е трет на табелата во шпанското првенство со 15 бодови, додека Лас Палмас е 15-ти со пет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА