Френки де Јонг три недели надвор од терените

Фудбалерот за врска на Барселона, Френки де Јонг, кој викендов го повреди скочниот зглоб, нема да може да игра најмалку три недели, односно до следната репрезентативна пауза, изјави тренерот на каталонскиот клуб Чави.

Холандскиот репрезентативец ја одигра секоја минута од натпреварите на Барселона во Ла Лига досега оваа сезона, пред да биде заменет во првото полувреме против Селта Виго во саботата.

„Френки е клучен за нашата игра, особено со оглед на одличната форма во која се наоѓа. Што се однесува до временската рамка на неговата повреда, тоа навистина ќе зависи од него, но ќе треба да процениме како се чувствува по следната репрезентативна пауза (во октомври)“, изјави Чави.

Барселона гостува кај Мајорка  во вторник, по што следи домашен натпревар против Севилја и натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите на гостински терен против  Порто на 4. октомври.

Се вчитува...