Претседател на клуб во Колумбија убиен поради пораз

Претседателот на второлигашот Тигрес од Колумбија, Едгар Паез е убиен од навивачи поради пораз на тимот.

Тигрес на домашен терен беше поразен од Атлетико со 3-2. 63-годишниот Паез се враќал дома со возило заедно со неговата ќерка, двајца луѓе качени на мотор му се приближиле и смртно го застрелале.

Во Колумбија е ризично по живот да си спортист, а најпознато фудбалско убиство во оваа земја е тоа на Андреас Ескобар, кој беше убиен од навивачите затоа што си постигна автогол на Светското првенство во САД 1994 година.

Се вчитува...