Кристијан Николов потпишува за Работнички!

Долгогодишниот македонски репреентативец Кристијан Николов ќе биде последното засилување на Работнички пред стартот на новата сезона, дознава ЕКИПА. Одличниот плејмејкер по една година се враќа назад во мак-баскетот, откако  ги договори условите за преселба во најтрофејниот македонски клуб и ќе му биде од огромна помош на тренерот Мираковски во атакот на трофеи.

Николов освои се што можеше да се освои со тимот на МЗТ Скопје, но минатото лето го напушти таборот на аеродромци и реши да се пресели во Турција и го облече дресот на Коњаспор.

По една година во турскиот шампионат, македонскиот репрезентативец повторно ќе биде дел од македонската кошаркарска сцена отако ги договори условите за соработка со „центарци“. Тој во изминатиот период тренираше со екипата на Работнички, а во меѓувреме ги договори и условите за соработка со „црвено-белите“.

Николов ќе биде значаен адут на Работнички во претстојните квалификации за ФИБА Европа Купот на почетокот на месец октомври, на турнирот што ќе се одржи во Скопје.

Се вчитува...