Официјално: МЗТ Скопје потпиша договор за спонзорство со М-ТЕЛ

Македонскиот шампион МЗТ Скопје од денеска и официјално за спонзор го има МТЕЛ, српската телекомуникациска компанија која по Работнички, ќе инвестира и во вториот македонски кошаркарски прволигаш.

На денешната прес-конференција и официјално беше потпишан договорот за соработка, со кој МТЕЛ стана ексклузивен телекомуникациски партнер на МЗТ Скопје во текот на натпреварувачката сезона 2023/2024.

„Партнерството со МТЕЛ е потврда за квалитетот и досегашните постигнувања на МЗТ Скопје Аеродром, но и поддршка која ќе донесе уште многу победи и спортски успеси на плаво–белите. МЗТ Скопје не е обичен клуб, тоа е емоција, гордост, начин и стил на живеење за мене и за најголемиот дел од луѓето што живеат во Аеродром. Токму поради ова, инвестирањето и поддршката на МЗТ Скопје не е само поддршка во овој клуб, тоа е поддршка за спортот на локално и национално ниво, за градење нови спортски спомени и сеќавања, за вредностите кои Аеродром и МЗТ Скопје ги споделуваат. Сакам да се заблагодарам на Телеком Србија и на фирмата-ќерка МТЕЛ за одлуката да го поддржат МЗТ Скопје и со тоа да дадат значаен придонес во промоцијата на македонскиот спорт“, изјави Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

Со поддршката за МЗТ Скопје, МТЕЛ ја продолжува традицијата на континуирана поддршка на спортот негувана од сите членки на Телеком групацијата.

„Горди сме што како компанија имаме можност, но и големо задоволство да бидеме дел од успешната приказна на  МЗТ Скопје. Среќни сме што ја продолжуваме традицијата на нашата компанија во рамки на своите можности да ги поддржиме спортските клубови, а преку тоа да придонесеме кон поздрава и поактивна младина, што во денешницата е од особена важност“, нагласи генералниот директор на МТЕЛ, Лопичиќ.

Се вчитува...