Девојките до 19 години во квалитетен меч со тесен пораз од Португалија

Младата женска репрезентација на Македонија за фудбалерки до 19 години загуби во третиот натпревар на силниот меѓународен турнир „Словенија Куп” кој изминативе денови се играше во Крањска Гора.

Избраниците на селекторот Астрит Мерко загубија минимално со 1-2 од силната селекција на Португалија во квалитетен меч во кој Македонија беше сосема рамноправен противник поведувајќи уште во 5. минута од средбата. Но, Португалките со два гола до полувремето успеаја да дојдат до пресврт.

Овој контролен турнир беше последна проверка на нашите млади репрезентативки пред почетокот на квалификациите за ЕП, во октомври во Ерменија.

Се вчитува...