Легендарниот чилеански фудбалер Артур Видал често ги коментира случувањата во европскиот фудбал, а овој пат критики упати кон тренерот на Манчестер Сити, холандскиот стратег Ерик тен Хаг.
Поранешниот фудбалер на Баер, Баерн Минхен, Јувентус, Интер и Барселона го критикуваше отказот на Кристијано Роналдо кој претходната сезона од Манчестер Јунајтед се пресели во Саудиска Арабија.
„Овој тренер само им носи штета. Како може да го отпуштите Кристијано Роналдо? Какви се тие луѓе. Па тој ви беше најдобар стрелец во тимот. Каде сте сега без него? Со ќелавиве луѓе секогаш има некој проблем“, изјави Видал.
Големиот камбек на Кристијано Роналдо во Манчестер Јуанјтед се случи во август 2022 година. Легендарниот португалски голгетер во повратничката сезона одигра 39 натпревари на кои забележа 24 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

