Можеби најголемата украинска фудбалска ѕвезда на сите времиња Андреј Шевченко, е именуван за слободен советник на украинскиот претседател Володомир Зеленски. Оваа вест е објавена и на сајтот на претседателот на Украина, не прецизирајќи каква улога ќе има екс играчот на Динамо Киев, Милан и Челси.
Шевченко и во минатото имаше политичка кариера. Во 2012 година беше на листата на партијата на Наталија Королевска „Украина – напред“, но партијата не влезе во парламентот.
По почетокот на руската инвазија на Украина, тој учествуваше во неколку собири за собирање на помош, и се залагаше за прекин на нападите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

