Слукас за „предавството“: Преговoрите со Олимпијакос не напредуваа

Грчкиот кошаркар Костас Слукас го сврте вниманието кон себе откако летово од Олимпијакос направи трансфер во лутиот ривал Панатинаикос, и стана најомразен кај навивачите на „црвено-белите“.

Сега првпат проговори по трансферот, и призна дека најпрво преговарал со Олимпијакос, но откако преговорите не напредувале, ги собирал пондите од другите екипи, на крајот одлучил да замине во Панатинаикос.

„Одлуките ги носам после многу размислување и разговорите со моите најблиски луѓе, секогаш сум 100% свесен. Убаво е кога тимови ќе покажат интерес, тоа значи дека правите нешто добро. Беа многу екипи кои беа заинтересирани, но не сакав ништо да прават пред да разговарам со Олимпијакос, но ниту еден разговор не напредуваше. Многу пати си реков дека на 33 години и во оваа респектабилна кариера воопшто нема да слушам што другите зборуваат. Имам свое мислење, имаат и навивачите на Олимпијакос и имаат причина да зборуваат лошо за мене, но не знаат што се случуваше во позадина. Она што е напишано не е вистина“, рече Слукас.

Кошаркарот призна дека трансферот се случил брзо.

„Се се случи брзо, а голем придонес имаше и ситуацијата со Олимпијакос. Моја е одлуката и не сакам да зборувм. Една од главните причини е и тренерот Атаман. Кога видов дека Панатинаикос и јас имаме голема мотивација да стигнеме до нешто големо, тоа беа главните причини што прифатив. Нема да биде лесно, знам дека ќе бидам исвиркан. Навивачите си ја вршат својата работа, а навивачите на Олимпијакос го сакаат својот тим и ќе дадат душа за него. Јас и моите соиграчи само ја работиме својата работа затоа што сме професионалци и имаме заедничка цел“, вели Слукас.

Се вчитува...