Не а апсолутно никаква тајна дека Саудиска Арабија се повеќе фудбалски го привлекува вниманието по серијата ѕвезди кои беа ангажирани изминатиов летен преоден рок. Јасно е дека засега милијардите си го прават своето па посетени се натпреварите на големата четворка Ал Наср, Ал Хилал, Ал Итихад и Ал Ахли.
Но, светот доби и директен показател дека фудбалот не може преку ноќ да се промени во оваа земја, а интересот за истиот не може вештачки да се создава. На дуелот меѓу Ал Ријад и Ал Феиха, на трибините официјално имало само 61 гледач!!?
Во просек досега во Премиерлигата во Саудиска Арабија има по 5.000 гледачи на натпревар, што секако е далеку од просекот на европските, па и на јужноамериканските стадиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА