Душко Ивановиќ се соочува со првиот проблем во пресрет на стартот на новата сезона на Црвена Звезда откако Немања Бјелица по само неколку тренинзи се пожали на повреда, па дефинитивно ќе го пропушти почетокот и на АБА и на Евролигата.
Крилниот центар минатото лето дојде како големо засилување во Фенербахче, но речиси цела сезона беше во аут поради низа повреда, што беше причина турскиот гигант да му го раскине договорот и да даде зелено светло за неговата преселба во Црвена Звезда. Српскиот тим во Бјелица гледаше лидер на екипата, но за жал малерите со повредите продолжуваат и по враќањето назад во татковината.
Деталните лекарски прегледи ќе покажат колку долго Бјелица ќе мора да отсуствува од терените, а ако стане збор за подолга пауза, „црвено-белите“ повторно ќе се активираат на пазарот и ќе доведат уште едно засилување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА