Перишиќ се огласи по операцијата: Не се откажувам така лесно (ФОТО)

Иван Перишиќ беше успешно опериран по повредата на предните вкрстени лигаменти и сега го чека долг период на рехаблитација. Клупската сезона 2023/24 Хрватот е завршена, но од хрватската репрезентација постои надеж за негов настап на престојното Евро 2024.

Перишиќ по операцијата се огласи на социјалните мрежи каде објави фотографија од болничкиот кревет. На истата напиша „Кон нови победи“ и „Се гледаме наскоро“ со хаштах „Овој не се откажува така лесно“, најавувајќи посветеност кон продолжување на професионалната кариера.

Перишиќ минатото лето беше поврзуван со Хајдук, па лесно може да се случи тој во јуни 2024 да си замине како слободен играч од Тотенхем и да се врати на „Пољуд“ за кариерата да ја заврши токму во својот поранешен клуб.

Се вчитува...